Европската ракометна федерација ЕХФ, на своите профили на социјалните мрежи објави фотографии од навивачите на Еурофарм Пелистер со прашање „Најдобри навивачи во ЛШ на ЕХФ?“.
Битолската ракометна публика е позната како една од најжешките, а по оваа објава следуваа голем број коментари. За клубот од Битола и Чкембарите немало потреба од прашалник бидејќи се знае дека се број 1, но има и такви кои не се согласуваат.
На „Икс“ има и коментар од извесен Џејми кој смета дека немало потреба од вакви пофалби после казната која ја добија битолчани минатата недела за расизам од страна на нивните навивачи на дуелот со Фредериција.