Еибар го понижи Реал, Солари стана регуларен тренер и веднаш кикс

Еибар за првпат во својата клупска историја успеа да извојува победа над Реал Мадрид, и тоа на каков начин, со убедливи 3:0, а како играа гостите, треба и да бидат задоволни што не примија уште некој гол. Ова е прв пораз на Реал со новиот тренер Сантијаго Солари, кој пред репрезентативната пауза доби договор до 2021 година, а пред тоа како привремен тренер, редеше само победи.

Првиот гол го даде Гонсало Ескаланте, на кого му е втор погодок сезонава, а во целата претходна сезона имаше само еден гол. Потоа мрежата на Тибо Куртоа ја затресе и Серџи Енрих, за кого тоа е прв гол во кариерата. Кике Гарсија беше стрелец на третиот гол во 57 минута, потврдувајќи дека Реал нема да добие шанса да помисли на пресврт.

Најтрофејниот клуб на гостувањата има примено 16 гола, а повеќе голови на гости во Шпанија прими само Уеска и ова говори како играат надвор од „Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести