Русинката Мира Андреева е победничка на „Ролан Гарос“, откако во финалето ја надигра Маја Хвалинска со 6-3, 6-2.
За 19-годишната Андреева, ова е прва гренслем титула во кариерата. Поразената Хвалинска од Полска, беше чудото на турнирот, бидејќи мораше да мине и три кола и во квалификациите.

Андреева стана првата Русинка што освоила гренслем титула во поединечна конкуренција од 2014 година наваму. Претходната Русинка со освоен гренслем беше Марија Шарапова, која го освои „Ролан Гарос“ пред 12 години. Во полуфиналето, Андреева ја совлада Украинката Костјук која не сакаше да се поздрави со неа после мечот, па Русите триумфот на Андреева го сметаат за повеќе од само еден спортски успех.

