Екипата на Николов и Шишковски заработи вистинско богатство за пласманот во осминафиналето од КЛ

Борац Бања Лука направи вистинска сензација со пласманот во осминафиналето од Конференциската лига, па екипата за која настапуваат нашите Бобан Николов и Дамјан Шишковски заработи вистинско богатство.

За пласманот во плејофот и за резултатите од групната фаза, Борац имаше заработено 6.35 милиони евра, а за елиминацијата на Олимпија Љубљана ќе добијат дополнителни 800.000 евра, или вкупно досега 7,15 милиони евра.

Сума на која може да ѝ позавидат голем број екипи од регионот, веројатно освен Динамо Загреб и Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести