Ексголман на Вардар беше исклучен и на голот застана големата ракометна легенда – Одбраната му е за Рипли, а даде и 10 гола (Видео)

Чудна ситуација се случи на мечот од ЕХФ Лигата на Европа во ракомет меѓу Винтертур и Фуксе Берлин, а воодушеви 40-годишната жива легенда, Ханс Линдберг.

Данецот сè уште игра врвен ракомет и постигна 10 гола за германскиот тим, а во второто полувреме и кусо го бранеше голот на Фуксе Берлин.

Дејан Милосавлјев, поранешниот голман на Вардар, беше исклучен на две минути, а гостите поради неколку позитивни играчи и голмани на ковид-19 играа десеткувани.

Во тие моменти немаа резервен чувар на мрежата, па Линдберг застана на голот и веднаш имаше чудесна одбрана.

https://twitter.com/HandballHour/status/1491127263362174976?s=20&t=g8Eeste7CFS9AF_Lgi-KUw

Потоа прими два гола, но мечот го заврши со 10 погодоци и се радуваше на победа од 30:27.

- Оглас -

Најнови вести