Младиот белгиски фудбалер, Ларџи Рамазани (20) постигна спектакуларен погодок на меч во шпанската трета лига на дуелот меѓу Алмерија Б и Торедонџимена.
Се играше 77 минута кога Рамазани шутираше од половината на домаќините и успеа да го изненади гостинскиот голман кој беше истрчан и не внимаваше на својот гол. Подоцна беше измерено дека погодокот е постигнат од 65 метри, што секако е еден од головите постигнати од најголема дистанца сезонава.
Младиот крилен играч дојде во Алмерија од тимот на Манчестер јунајтед, каде настапуваше во младинските категории, а има и еден настап за сениорскиот тим на англискиот гигант, во Лигата на Европа. Рамазани одигра 19 меча за Алмерија, но поради повредата која ја имаше, последните три средби е дел од Б тимот на Алмерија, во обид за враќање на формата.
https://twitter.com/i/status/1368553288229126144

