Еден Шпанец по име Пабло Боне два месеца работел со Георгина Родригес во луксузната продавница на брендот „Гучи“ во Мадрид и вели дека девојката на Кристијано Роналдо не ја кажува вистината околу нејзиното запознавање со славниот фудбалер.
Благодарение на врската со Роналдо, и Георгина стана популарна и позната во светот, а токму славата и парите ѝ биле главна цел во животот, тврди ексколегата Пабло, кој негира дека станува збор за љубов на прв поглед.
„Со Георгина работев околу два месеца пред таа да стане позната. Таа работеше во делот за жени, јас бев во машкиот дел. Кристијано доаѓаше и пред тие да се запознаат, тој е голем клиент и таков тип на клиенти се опслужувани само од шефови и менаџери кои се одговорни за продавницата. Тој влезе со неколку пријатели и синот, но не разговараа со Георгина, туку неколку недели подоцна се видоа на една забава каде што се запознаа подобро“, раскажува Пабло, кој додава и дека еден ден продавницата била затворена за да може Роналдо да остане сам со шеф на „Гучи“ и со својата идна партнерка.
„Георгина секогаш беше таква, и кога ги немаше парите кои ги има сега, беше арогантна и дигната. Имаше работено во лукзузни фирми, познаваше многу луѓе од светот на ноќниот живот во Мадрид, се движеше во кругови на богаташи. Точно е дека живееше во многу евтин апартман, но сакаше да оди напред и кога го сретна Роналдо, сфати дека тоа е нејзината шанса за слава“, вели Пабло.