Екс-модел на „Плејбој“ купи клуб во Романија, ќерка ѝ ќе биде претседателка

Некогашниот модел на „Плејбој“, Анамарија Продан, го купи романскиот прволигашки клуб Херманштад од Сибиу. Продан која има 47 години, во брак е со поранешниот фудбалер Лауренциу Регекампф, а таа важи и за еден од најуспешните фудбалски агенти во Романија во последните години.

Во 2016 година, таа го договори трансферот на Николае Станчиу од Стеауа во Андерлехт за 11 милиони долари, што е рекорден трансфер за играч од романското првенство.

Херманштад е нов клуб, основан во 2015 година и има сериозни долгови, од кои 700.000 евро само кон играчите. Анамарија е сигурна дека ќе го спаси клубот од пропаѓање, и од испаѓање од елитното друштво. Во моментов, тимое е деветти, со три бода плус над тимовите кои би испаднале. Романската лига треба да продолжи на 12-ти јуни и ќе се игра без публика.

Донесена е одлука претседателка на клубот да не биде некогашната зајачица на Плејбој, туку нејзината 21-годишна ќерка Ребека.

- Оглас -

Најнови вести