Миа Винвард-Дан е 19-годишна Англичанка, ќерка на некогашниот фудбалски репрезентативец Дејвид Дан, која заработува со тоа што снима видеа на платформа за возрасни. Самата Миа тврди дека од работата на „OnlyFans“ месечно заработува по 115.000 евра.
Сепак, одлуката да заработува на платформа за возрасни, не наиде на одобрување кај нејзините родители. Откако дознале каква работа има нивната ќерка, родителите решиле да ја исфрлат од своите животи.
„Сакав повторно да се поврзам со татко ми, но додека разговаравме телефонски, тој ме нарече ку*ва. Родителите се откажаа од мене и не сакаат да имаат никаков контакт со мене. Им реков дека ми е жал и дека тоа што го снимам не значи дека сум лоша личност“, рече Миа за англиските медиуми.
На „OnlyFans“ Миа започнала да работи кога наполнила 18 години, а на почетокот, нејзините родители не знаеле за тоа. Кога самата им признала што работи, тие веднаш ги прекинале контактите со нејзе. Иако вели дека е многу повредена од одлуката да биде исфрлена од семејството, Миа вели дека сака да го следи својот сон.
„Им пратив порака, им се извинив и објаснив дека немам никакви лоши намери. Ги сакам своите родители. Можеби тие мене не ме сакаат, но јас нив ги сакам со целото мое срце. Мислам дека не е исправно да се откажете од вашето дете поради вакво нешто. Имам 19 години и се одлучив да направам нешто свое“, додава тинејџерката Миа.
нејзиниот Татко Дејвид Дан (45 години), беше поранешен репрезентативец на Англија. Во фудбалската кариера најголема трага остави додека настапуваше за тимот на Блекбурн роверс каде беше дел од 2007 до 2015 година и одигра дури 180 мечеви во Премиер лигата.

