Рускиот ракометар на унгарски Пик Сегед, Глеб Калараш, во интервју за руски „Спорт Експрес“, одговори на забелешката на лизгачката Александра Бојкова дека значителен број на спортисти се „глупави“.
Калараш кој во 2019 година со Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите, не се согласува со Бојкова.
„Нека мисли така, јас не мислам дека таа е глупава, исто како што јас, во принцип, не мислам дека сите спортисти се глупави. Секој, како што велат, е паметен колку што може. Нечесно и погрешно е да се наречат глупави голем број спортисти. Јас знам пет јазици. Дали сум глупав или ова е побивање на тезата?“, изјави Калараш.
„Во Германија од сите се бара да зборуваат германски. Ако зборувате англиски во градот, добивате чудни погледи. Ако се обидете да зборувате на локалниот јазик, тие ќе ви помогнат побрзо. Во текот на мојата кариера, го научив македонскиот јазик и постепено научив српско-хрватски. Се сеќавам на нешто на шпански од детството, но сепак треба да се потсетам. Излегува дека знам пет јазици“, рече пикерот.
Суспензијата на руските селекции уште трае, па Калараш е пред искушение да го промени спортското државјанство.
„Сакам да играм на европски, светски првенства и олимписки игри. И во сегашната ситуација, ако некој ми предложи: Ќе одиш под нашето знаме на Европско и Светско првенство на пример, под унгарско, тогаш мислам дека би се согласил. Но, на ова не гледам како на промена на државјанството, ниту предавство. Никој не знае како ни е на нас спортистите. Ова е потреба за самореализација што секој човек сака да се задоволи во животот“, вели Русинот.