Ексиграч на Ливерпул заврши во болница по напад со нож

Андре Виздом, дефанзивецот на Дерби каунти, вчера завршил во болница откако бил избоден при обид за крабеж. Непознат сторител со нож му се заканил, а потоа и го нападнал Виздом во населба во Ливерпул по што му нанел телесни повреди.

Неговата состојба е стабилна, додека полицијата од Мерсисајд работи на случајот. Виздом вчера бил во Ливерпул во посета на блиски роднини кога се случила несреќата.

Инаку англискиот фудбалер до 2017 година беше член на Ливерпул, од каде што пристигна во Дерби.

- Оглас -

Најнови вести