Ексиграч на Шкендија постигна два гола и три асистенции на еден меч!

Стенио Жуниор, 30-годишниот бразилски напаѓач кој цели седум години ги бранеше боите на Шкендија, постигна два гола и три асистенции во еден меч за албанскиот Партизани.

Жуниор направи шоу во победата од 5-2 над Сент Георге во првиот меч од стартното квалификациско коло во Лигата на конференции. Го намести првиот гол за домаќините во 17-тата минута, а потоа и самиот ја затресе мрежата на молдавскиот претставник во 26-тата за 2-0. Жуниор ја продолжи голеадата и во 61-вата минута од второто полувреме, а потоа намести уште два гола до 85-тата минута и ја потврди доминантната победа на клубот од Тирана.

Инаку, Жуниор од 2013 до 2020 година беше член на актуелниот македонски првак со кого освои две титули во македонското првенство и еден трофеј во Купот на Македонија, а запиша вкупно 196 настапи за Шкендија со учинок од 45 гола и 54 асистенции. Претходно настапуваше и за Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести