Ексклузивни фотографии од местото на падот на хеликоптерот на Коби (Фото)

Првите лица кои стигнале на местото каде што падна хеликоптерот со Коби Брајант затекнале силен пожар. Како што може да се види на фотографиите кои се направени непосредно по катастрофата во која животот го загубија девет лица, меѓу кои и славниот кошаркар и неговата 13-годишна ќерка, хеликоптерот станал една голема огнена топка, пожарот бил интензивен и затоа не е чудно што дел од телата на загинатите биле целосно пеплосани.

Патниците и пилотот немале шанса да го преживеат ударот со брзина од речиси 300 километри на час и пожарот кој следувал веднаш по падот. Сведоците во чија близина падна леталото велат дека насекаде летале парчиња и дека многу подоцна разбрале дека меѓу загинатите е и Коби Брајант.

Погледнете дел од фотографиите направени брзо по падот на хеликоптерот:

 

 

Објавена е една фотографија и од внатрешноста на хелокоптерот, на која се гледа дека станува збор за ексклузивно летало со убави услови за патување.

- Оглас -

Најнови вести