Експлозија од радост на Барди, по повеќе од пет месеци даде гол во турската лига! (Видео)

Трабзонспор го победи Хатајспор со 2-0, а вториот гол за домашните беше дело на Енис Барди. Капитенот на македонската репрезентација немаше дадено гол за Трабзон уште од 1 септември, кога беше двоен стрелец против Касимпаша.

Барди чекаше повеќе од пет месеци за повторно да биде стрелец, а многу му значи и бидејќи беше критикуван од фановите, па голот го прослави со соблекување на дресот, за што доби жолт картон.

Инаку, и во минатата сезона Барди даде гол за Трабзонспор против Хатајспор.

Ова е голот на Барди:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести