Експресна промена на планот: Ковач добива отказ пред дербито со Дортмунд?

Веќе е познато дека раководството на Баерн Минхен извесно време не е задоволно од начинот на кој Нико Ковач го предводи германскиот шампион, по што се започна план за смена на хрватскиот стратег. Челниците на клубот првично планираа да почекаат каков ќе биде исходот од дербито против Борусија Дортмунд, дуел кој е закажан за следното коло од Бундеслигата, но денешниот дебакл на Баварците може да го забрза процесот.

Ајнтрахт му нанесе срамен пораз на Баерн со убедливи 5-1, резултат кој дефинитивно го зголеми гневот кај претседателот Хенес. Многу веројатно е дека Ковач нема да го дочека идниот викенд како тренер на гигантот од Минхен, а нема да биде изнандување дури и ако вечерва е разрешен од фукнцијата.

За Баерн ова беше втор пораз во првенството, а со 18 бода шампионот стои на четвртото место со 4 бода заостаток зад лидерот Менхенгладбах.

- Оглас -

Најнови вести