Еквадор има нова ѕвезда, даде гол за историја, а во 2025 година ќе го облече дресот на Челзи

Победата од 9-0 на Еквадор против Фиџи, е третата најубедлива во историјата на Светските првенства за фудбалери со 20 години (рекордот е 12-0 на Норвешка против Хондурас кога Халанд даде девет гола), а на овој меч се испиша и историја со тоа што стрелец на првиот гол беше тазе 16-годишник.

Кендри Паес има 16 години и 22 дена, и стана најмлад стрелец во историјата на младинските мундијали. Овој мега талент на Индепендиенте Дел Вале има договор со Челзи и кога ќе стане полнолетен во 2025 година, треба да заигра во Премиер лигата. Го бараа и Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд, но Сините имаа најдобра понуда.

Голот на Паес против Фиџи може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести