Ел-Еј на седмо небо, Ибра со хет-трик го уништи Канзас сити (видео)

ЛА галакси ноќеска ја запиша една од најубедливите победи сезонава, со 7-2 настрада тимот на Спортинг Канзас сити во новото гол-шоу на Златан Ибрахимовиќ. Шведската ѕвезда го предводеше Галакси со хет-трик и на најдобар можен начин стави крај на серијата од четири меча без триумф.

Ибрахимовиќ прво израмни на 1-1 во 32-рата минута откако голманот Мелија прво му го одбрани ударот од белата точка, но одбиената топка Ибра ја протна во мрежата. Шведскиот ветеран хет-трикот го оствари во вториот дел со погодоците во 51-вата и 85-тата минута за конечни 7-2. Во меѓувреме по еден гол постигнаа Корона и Антуна, а со два гола за триумфот придонесе и Летгет.

Ибрахимовиќ по овој дуел брои 26 погодоци и сега заостанува само два гола зад ѕвездата на Лос Анџелес, Карлос Вела, во трката за Златната копачка на МЛС-лигата. Воедно му помогна на својот тим да направи подвиг на табелата во Западната конференција во клучниот дел од сезоната да се избори за место во разигрувањата.

https://www.youtube.com/watch?v=ZgwZgHdxSWw

- Оглас -

Најнови вести