Елена Деле Доне стана првата кошаркарка во историјата на женската ВНБА-лига која регуларната сезона ја заврши со повеќе од 50 проценти реализација на шут од поле, над 40 отсто успешност за тројка и над 90 проценти погодени слободни фрлања.
Ваква прецизност во НБА имале само осуммина кошаркари, и тоа: Лери Бирд, Марк Прајс, Реџи Милер, Стив Неш, Кевин Дурант, Дирк Новицки, Стеф Кари и Малколм Брогдон.
Деле Доне игра за Вашингтон мистикс, настапи на 31 меч во регуларната сезона и беше многу прецизна во шутевите. Севкупно од поле погодуваше 51,5 отсто, 43 отсто реализација за три поени и неверојатни 97,4 проценти успешност од линијата за слободни фрлања (утна само три слободни од 117 изведени).