Ељиф Елмас и неговиот Наполи се соочуваат со тешко гостување на „Џузепе Меаца“ против лидерот во Серија А, Интер.
Македонскиот „дијамант“ ја забележа првата асистенција оваа сезона, прецизно го пронајде Скот Мектоминеј, кој со лукав удар го совлада Јан Сомер и донесе израмнување во 26-тата минута за 1-1.
THE BRAVE HEART. Scott McTominay scores.
— Goals Xtra (@GoalsXtra) January 11, 2026
🇮🇹 Inter 1-1 Napolipic.twitter.com/qirAoahC4n
Во вториот дел, Интер преку Хакан Чалханоглу од пенал повторно има водство (2-1).
Наполи се наоѓа во незавидна позиција, но се обидува да остане непоразен во Милано и да го зачува својот ритам во трката за шампионската титула сезонава.

