Македонија постигна гол на почетокот на второто полувреме, но не беше признат по проверка во ВАР собата. Елиф Елмас во 48-та минута ја затресе мрежата на Матс Селс, но следеше проверка од видео-технологијата.
Eljif Elmas | 🇲🇰 North Macedonia 1-1 Belgium 🇧🇪pic.twitter.com/jw4TmBrOs4
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 6, 2025
По повеќе од три минути прегледување, на крајот голот не беше признат поради офсајд позиција во која се најде Бојан Илиевски.
При шутот на Елмас, тој беше во линија на траекторијата на топката на патот кон голот и проценката е дека го попречувал белгискиот голман.