6.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Елмас и Наполи испаднаа, Комо по пауза од 40 години ќе игра во полуфиналето од Купот на Италија (Видео)

Екипата на Комо ќе игра во полуфиналето од Купот на Италија по пауза од 40 години, откако по осум серии пенали успеа да го елиминира Наполи.

Елиф Елмас одигра 90 минути за Наполи, беше прецизен и во пенал-серијата, но залудно.

Мечот во регуларните 90 минути заврши нерешено, 1-1. Гостите дојдоа први во водство преку Батурина од пенал во 39-тата минута, а израмни Вергара во 46-тата.

Сепак, фудбалерите на Комо беа поконцентрирани во пенал-рулетот, па по дури 16 пенали одат во полуфиналето. За Наполи промашија Лукаку и Лоботка, додека единствениот кој не реализираше за Комо беше Пероне.

Противник на Комо во полуфиналето ќе му биде Интер.

- Оглас -

Најнови вести