Елмас има контузија, во Наполи се оптимисти дека ќе може да игра против Милан

Поразот на Наполи на домашен терен од Емполи беше зачинет со повредата на Елиф Елмас и рано излегување од игра на Пјотр Зјелински, кој имал болки во градите и со дишењето.

Дополнителните лекарски тестови треба да покажат дали е сериозна состојбата со Полјакот, а тренерот Лучијано Спалети е оптимист дека Македонецот ќе може да игра в недела на дербито со Милан.

„Елмас прими силен удар во потколеницата на десната нога, треба да се направат прегледи, но верувам дека ќе се врати за Милан. Не ги знам точно правилата и дали контактот на Паризи со Елмас беше за пенал“, изјави Спалети.

- Оглас -

Најнови вести