Елмас изнуди пенал, а тренерот на Торино колабираше

Торино и Венеција ремизираа 1-1 во меч од италијанската Серија А на кој имаше една непријатна сцена, тренерот на Торино, Паоло Ваноли, колабираше кај клупата, веројатно од преголем стрес по кавгата со својот играч Марипан.

Лекарите брзо го вратија во живот, а непријатната случка се случи веднаш откако при 1-0 за Венеција, беше досуден пенал за Биковите од Торино. Пеналот го изнуди Елиф Елмас бидејќи после негов центаршут, фудбалер на Венеција играше со рака во својот 16-ник.

Откако го освестија Ваноли кој мина без посериозни последици, Никола Влашиќ го реализираше пеналот за 1-1 што беше и конелен резултат. Елмас го одигра целиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести