Елмас одигра 90 минути, Интер рутински до победа над Торино (Видео)

Интер успеа да победи со 0-2 на гостувањето кај Торино и да се израмни со Наполи на врвот на табелата во Серија А со по 77 поени. Сепак, екипата од Неапол има меч помалку, кој ќе го одигра вечерва против Џенова на домашен терен.

Мечот во Торино имаше 30-минутен прекин, откако овој дел на Италија го зафати големо невреме. Пред прекинот, Интер имаше водство од 0-1 со голот на Залевски во 14-тата минута.

Откако официјалните лица одлучија мечот да продолжи, Интер преку Аслани од пенал во 50-тата минута ги постави конечните 0-2.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, ги одигра сите 90 минути.

- Оглас -

Најнови вести