Елмас организира, краде топка, фантастично асистира (видео)

Наполи на полувреме замина со предност од 2-1 против Спал во мечот од 28-то коло во Серија А. Токму нашиот Елиф Елмас е „виновен“ за резултатот кој е во корист на екипата на Џенаро Гатузо со дебитантската асистенција на Елиф во Калчо лигата.

Македонскиот дијамант во ситуација да организира напад, за момент загуби посед на топката но се избори да продолжи нападот, по што Елиф го виде осамениот Калјехон и му испрати прецизно нафрлување кое заврши со реализација на Шпанецот.

https://www.youtube.com/watch?v=Oe2ZBD18uXM

Пред паузата домаќините погодија и за 3-1, меѓутоа голот на Инсиње не важеше поради офсајд.

- Оглас -

Најнови вести