Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 води со 17-16 по првото полувреме на натпреварот со норвешкиот Елверум во Лигата на шампионите.
Иако на Вардарци овој меч не им значи многу бидејќи секако се петти на табелата во групата, Црвено-црните играат за својата чест, а индиректно и му помагаат на ППД Загреб, кој се бори со Елверум за место во нокаут-фазата. Елверум посакува првпат во својата историја да влезе во осминафинале, но ќе му биде тешко.
Вардар тргна одлично, поведе со 4-0 и најави дека нема да им дозволи на гостите да победат тукутака. По првото полувреме, Дибиров со 4 гола е најефикасен во редовите на Вардар.