Ембид ја доби битката на ѕвездите против извонредните Дурант и Харден (Видео)

Феноменален меч одиграа Бруклин нетс и Филаделфија 76 во НБА-лигата, а славеа гостите со 110:102.

Предводени од неверојатниот центар, Џоел Ембид, кој ја доби битката на ѕвездите со Дурант и Харден, 76-ките заслужено го победија фаворитот.

Ембид постигна 34 поени и имаше 7 скока, а за еден поен ги надмина и Дурант и Харден, кои постигнаа по 33 поени.

Брадата забележа и трипл-дабл со 33 поени, 14 скока и 10 асистенции, но и тоа не беше доволно за победа на Мрежичките.

Во ноќта само со три натпревари блескаа главните ѕвезди и на Милвоки бакс и на Вашингтон визардс во победите против Орландо меџик, односно Кливленд кавалирс.

Јанис Адетокумбо беше незадржлив за одбраната на Меџик и со 33 поени, 12 скока и 5 асистенции го предводеше Милвоки до триумф од 136:118.

Холидеј уфрли 25 поени, а Мидлтон стигна до 22 во пбедничката екипа што е и актуелен првак во НБА-лигата.

Бредли Бил со 29 поени беше најефикасен на мечот меѓу Вашингтон и Кливленд што го добија домаќините со 110:93.

Бекот на Вашингтон имаше и 10 асистенции и 6 скока. Мечот меѓу Денвер нагетс и Голден стејт вориорс не се одигра поради ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести