Ембид се врати во голем стил, ќе „гази“ и против Кливленд

Џоел Ембид (Филаделфија севентисиксерс – Кливленд кавалирс, 00 часот)

Џоел Ембид одреден период отсуствуваше од составот на Сиксерс поради повреда, а пред два дена се врати на паркетот во голем стил. Во триумфот над Индијана (106:89) беше најфикасен играч на домаќините со дабл-дабл учинок од 33 поени и 12 скока, а сличен настап од него се очекува и ноќеска, во дуелот против Кливленд.

Камерунскиот центар оваа сезона одржува просек од 27,4 поени во 55 одиграни натпревари во регуларниот дел, во дуелот против „коњаницата“ би требало да го надмине тој просек и повторно да го предводи својот тим до победа.

Предлог тип: Џ. Ембид >26.5 (1.87)

 

Јанис Адетокумбо (Њу Орлеанс пеликанс – Милвоки бакс, 01 часот)

Незадржливиот Грик Фрик е меѓу најдоминантните кошаркари во НБА-лигата, тоа е неспорно. Како прва ѕвезда на Милвоки, од него се очекуваат големи нешта, а „бакси“ сезонава изгледаат како сериозни конкуренти за шампионската титула. На гостувањето кај Њу Орлеанс ќе треба да покаже дека заслужува да биде меѓу фаворитите за МВП-наградата.

Во првата овосезонска пресметка против „пеликаните“, Адетокумбо постигна 25 поени, за нијанса под неговиот просек, но се очекува ноќеска да биде поефикасен.

Предлог тип: Ј. Адетокумбо >26.5 (1.87)

 

Демаре Дерозен (Далас маверикс – Сан Антонио спарс, 01 часот)

Лука Дончиќ се повреди и многу веројатно нема да настапи на овој дуел, што значи дека Демаре Дерозен ќе биде главна фаца во тексашкото дерби. Поранешниот играч на Торонто при првата пресметка сезонава меѓу овие две екипи не се покажа во најдобро светло, па еве му шанса за поправен.

Предлог тип: Д. Дерозен >21.5 (1.85)

 

Дејмиен Лилард (ЛА клиперс – Портланд трејлблејзерс, 03:30 часот)

Повредите на Худ и Тарнер значи дека цел товар ќе падне на дуото Лилард-Меколум, а токму првата ѕвезда на Портланд редовно игра на високо ниво против Клиперс. На Лилард му одговара таа улога, знае што значи да се биде лидер на една екипа и ќе треба да ја оправда таа улога против тимот кој редовно му создава проблеми на Портланд.

Предлог тип: Д. Лилард >25.5 (1.87)

 

Денвер нагетс – Минесота тимбервулвс (03:30 часот)

Денвер ќе се обиде да направи „три од три“ против Минесота откако ги доби претходните два дуели кои се играа сезонава. Кошаркарите на нагетс се добро одморени, последен пат играа пред три ден, кога загубија од Голден стејт (122:105) во битката на најдобрите од Западот.

Двете екипи се напаѓачки настроени, нема да биде изненадување ако на двете страни се надминат границите од 100 поени, како што беше во претходните два меѓусебни меча (победи на Денвер со 103:101 и 107:106).

Предлог тип: <226.5 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести