Емери прави чуда со Астон Вила, му зеде мерка на Челси и сега пласманот во евроските купови не е далеку (Видео)

Фудбалерите на Астон Вила приредија изненадување на последниот денешен меч од 29-то коло во Премиер лигата, победувајќи го Челси со 2:0 и тоа на „Стемфорд бриџ“.

Астон Вила по доаѓањето на Унаи Емери на клупата игра фантастично и од тим кој се бореше за опстанок во Премиер лигата, сега има серија од пет меча без пораз и се наоѓа на деветтата позиција на табелата со 41 освоен бод и со шанси да се бори за пласман во европските купови. Челси пак е на 11-та позиција со 38 освоени бода.

Резултатот го отвори Оли Воткинс во 18-та минута кој стана само третиот фудбалер по Мохамед Салах и Хари Кејн, со двоцифрен број на постигнати голови во последните три сезони во Премиер лигата.

Победата на Астон Вила ја завери Џон МекГин во 56-та минута.

- Оглас -

Најнови вести