Емери влезе во елитно друштво во кое се само Анчелоти, Мурињо и Трапатони

Шпанскиот тренер Унаи Емери уште еднаш покажа дека е создаден за освојување на трофејот во Лигата на Европа. Емери синоќа беше предводник на Астон вила до убедливата победа од 3:0 во финалето против Фрајбург. За Емери ова е петти трофеј во Лигата на Европа и тој беше доволен за да влезе во едно елитно друштво.

Емери е само четвртиот тренер кој успеал да стигне до пет европски трофеи. Претходно, со пет европски трофеи се имаа закитено: Џовани Трапатони, Карло Анчелоти и Жозе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести