Полуфиналните возбудувања во плејофот на АБА-лигата продолжуваат, а секако во фокусот е големото белградско дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан. Црно-белите имаат предност од 1:0 во победи откако славеа со 100:94 пред четири дена. На тој меч Партизан водеше со 20 разлика во последната четвртина, но Црвена ѕвезда дојде само на еден поен заостанување. Сепак, на крајот Партизан победи. Тоа беше петти триумф во последните шест меча против Црвена ѕвезда.
Вечерва Црвена ѕвезда ќе биде во улога на домаќин и ќе се обиде да израмни на 1:1. Ако се знае дека на првата средба имаше дури 194 поени, може да се очекува и вечерва да има многу возбуда и погодоци, па ќе биде интересно да се види во понудата на кошаркарите, дали ќе бидат во плус или во минус поени на крајот.

Денеска се игра и првиот меч од втората полуфинална серија меѓу Дубаи и Будуќност, а домаќините се во улога на фаворити.

