-2.2 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Емотивна порака на годишнината од смртта на Михајловиќ: Не плачете поради неговото отсуство

Еден од најдобрите изведувачи на слободни удари на сите времиња е Синиша Михајловиќ. Фудбалерот кој доби многу фудбалски битки, но на 16 декември 2022 година ја загуби најважната. По долгогодишата борба со леукемијата, Михајловиќ почина.

На точно три години од неговата смрт, сопругата на Синиша, Аријана преку социјалните мрежи упати една порака.

„Не плачете поради неговото отсуство. Чувствувајте дека е блиску до вас и постојано спомнувајте го . Ќе ве сака горе од небото како што ве сакаше додека беше на земјата. Денеска се навршуваат три години без тебе, љубов моја“, беше пораката од сопругата на Синиша Михајловиќ.

- Оглас -

Најнови вести