Како што беше најавено, во 10-тата минута од средбата помеѓу Данска и Белгија, дојде до прекин на играта, за да му даде поддршка на Кристијан Ериксен кој е во болница. Десетката на Данска има проблем со срцето, а животот му беше спасен благодарение на лекарите за време на мечот со Финска. Аплаудираа сите присутни на „Паркен“ во Копенхаген: играчи, навивачи, судии…
Навивачите на трибината зад голот истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Цела Данска е со тебе Кристијан“.
Инаку, Данците со голот на Поулсен во втора минута, водат со 1-0. Белгија која важи за фаворит во групата, засега е во шок.
Еве како изгледаше поздравот и аплаузите наменети за данскиот фудбалер:
https://twitter.com/i/status/1405561433337835521