Емоционален ден во Дортмунд, Халанд со гол и победа се „одјави“ од Борусија

Борусија Дортмунд се збогуваше со Ерлинг Халанд но и со легендарниот спортски директор Михаел Цорк кој што заминува по 24-годишна служба.

Во последното коло Борусија одигра 1:1 со Херта Берлин а голот за домаќините го постигна токму Ерлинг Халанд и тоа од пенал во 68-та минута.

Баерн Минхен, пак, ремизираше со (2:2) на гостувањето кај Волфсбург, а стрелци на головите беа младиот Јосип Станишиќ (17′) и Роберт Левандовски (40′) за кого е неизвесно дали ќе продолжи и следната сезона со првакот.

Германија во Лигата на шампионите следната сезона ќе ја претставуваат: Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и РБ Лајпциг, додека доколку Ајнтрахт Франкфурт ја освои Лигата на Европа, исто така ќе им се приклучи

Во „цвајте“, пак, патуваат Гројтер Фир и Арминија Билефилд, додека Херта ќе игра плеј-аут двомеч со третопласираниот од втората лига. Штутгарт во 92-ра минута се спаси од испаѓање.

БУНДЕСЛИГА

Арминија Билефилд – РБ Лајпциг 1:1

Аугсбург – Гројтер Фир 2:1

Баер Леверкузен – Фрајбург 2:1

Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 5:1

Борусија Дортмунд – Херта 2:1

Мајнц – Ајнтрахт Франкфурт 2:2

Штутгарт – Келн 2:1

Унион Берлин – Бохум 3:2

Волфсбург – Баерн Минхен 2:2

- Оглас -

Најнови вести