10.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Ендрик донесе одлука, сака да си оди од Реал Мадрид веќе во јануари

Реал Мадрид летото 2024 година го купи Ендрик од Палмеирас за 50 милиони евра и беше најавуван како новиот Роналдо Назарио, но младиот Бразилец не е ниту бледа сенка на славниот напаѓач.

Ендрик веќе пет месеци нема одиграно ниту минута за Реал Мадрид, а по враќањето од повредата, Кралевите одиграа шест меча, а Бразилецот сите ги гледаше од клупата за резервни играчи.

Фудбалерот веќе донел одлука и сака уште во јануари да си замине од Реал Мадрид, а се чини дека раководството на Кралевите нема да му прави проблеми и ќе го пушти на позајмица.

Во моментов не е јасно каде би можело да ја продолжи кариерата, но јасно е дека летоска за него имаше интерес од Марсеј, па клубот од Лига 1 е една од опциите за позајмица во јануари.

- Оглас -

Најнови вести