Ендрик е феномен: Стигна до петтиот трофеј во кариерата, беше прогласен за МВП во финалето

Новата голема фудбалска ѕвезда, Бразилецот Ендрик одигра уште еден фантастичен меч, по кој освои нова титула. Иако има само 17 години, Ендрик може да се пофали дека во својата колекција има освоено пет големи трофеи, а последен во низата е тој од синоќа.

Палмеирас со 2:0 го победи Сантос во реваншот од финалето на првенството на државата Сао Пауло во Бразил и со тоа ја анулираа негативата од еден гол што ја имаше по првиот натпревар.

Ендрик беше заслужен за првиот гол на Палмеирас откако врз него беше направен фаул за пенал по кој Рафаел Веига погоди за 1:0, а потоа Анибал Морено беше прецизен за 2:0 во 67-мата минута.

Во 71-вата минута Ендрик беше изваден од игра, а по мечот го доби признанието за МВП во финалето. Иако уште не е полнолетен, Ендрик освен на овој трофеј, се радувал и на Купот и Суперкупот во 2023 година, како и на трофеите во првенствата од 2022 и 2023 година.

Ендрик веќе подолго време е во фокусот на светското внимание, а веќе се докажа и во дресот на бразилската репрезентација. Даде гол за победа на гостувањето на „Вембли“ против Англија, а потоа погоди и во ремито од 3:3 против Шпанија на гости.

Во летниот преоден рок, Ендрик ќе направи трансфер во Реал Мадрид, откако Кралскиот клуб даде 45 милиони евра за бразилската тинејџерска супер ѕвезда.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести