Ендрик ги остави без здив фановите на Реал: Постигна чудесен гол, со петица и низ нозете на голманот (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид со многу напор успеаја да се пласираат во осминафиналето на шпанскиот Куп откако мораа да играат продолженија против Селта. По 2-2 во регуларниот дел, Реал на крајот славеше со резултат 5-2.

Зад Кралскиот клуб е тежок период во којшто остана без трофеј во Суперкупот на Шпанија по тежок пораз од Барселона во финалето (5-2). Сепак, Реал Мадрид синоќа покажа знаци на закрепнување, иако патот до победата не беше воопшто лесен.

Реал поведе со головите на Килијан Мбапе во 37-мата минута и Винисиус јуниор во 48-мата минута, обезбедувајќи релативно сигурно водство. Никој на „Сантијаго Бернабеу“ тогаш не очекуваше дека завршницата на натпреварот ќе биде толку драматична.

Од 83-тата до 91-вата минута Реал прими два гола, а Џонатан Бамба и Маркос Алонсо ја вратија Селта во живот, по што мечот отиде во продолженија.

Во продолженијата младиот Ендрик заблеска и го одведе својот тим во следната фаза. Сите три гола во дополнителните 30 минути беа вистински ремек-дела, оставајќи ги навивачите без здив. Посебен беше вториот гол на Ендрик и последен на мечот кој го постигна со петица и низ нозете на противничкиот голман.

- Оглас -

Најнови вести