Второлигашот Лавал се покажа како тврд орев за фудбалерите на Лион во Купот на Франција, но успеаја да издржат само до 80-тата минута, кога на сцена стапи одличниот Ендрик и со вистински еврогол донесе водство од 1-0.
За Бразилецот кој е позајмен од Реал Мадрид ова беше петти гол во дресот на Лион.
На крајот Лион славеше со 2-0 и обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Франција.

