Раководството на францускиот клуб Лион последните недели води интензивни преговори со Реал Мадрид за привлекување на младиот напаѓач Ендрик на позајмица во јануари, без опција за откуп на неговите права.
Уморен од седењето на клупа во Реал, 19-годишниот бразилски напаѓач, кој привлече интерес од неколку клубови, сака да се врати во редовен натпреварувачки ритам и да си обезбеди најдобра шанса за настап на Светското првенство 2026.
Лион е главен приоритет за Ендрик бидејќи тоа е единствениот клуб кој му гарантира позиција на стартер како број „9“ и можност да игра европски натпревари во Лигата на Европа. Дополнително, разговорите со тренерот Пауло Фонсека поминале многу добро, а бразилските играчи по традиција имаат добри успеси во Лион.
Ако не се појават непредвидени околности, Ендрик ќе му се приклучи на Лион и ќе остане во Франција во наредните шест месеци.

