Репрезентацијата на Бразил ја забележа првата победа во подготовките за настапот на Копа Америка, откако синоќа во САД го совлада Мексико со 3-2. Бразилците имаа предност од 0-2 со головите на Переира и Мартинели, но Мексико во финишот успеа да израмни на 2-2. Сепак, клучен фактор за победата беше новиот фудбалер на Реал Мадрид, Ендрик, кој со гол во 96-тата минута донесе победа за Бразил.
Бразил во подготовките за настапот на Копа Америка ќе одигра контролен натпревар и со селекцијата на САД, домаќинот на шампионатот на Јужна и Северна Америка.