Иако целиот фокус на светската фудбалска јавност летово е на трансферот на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид, сепак, летово на „Сантијаго Бернабе“ пристугнува и бразилскиот мега-талент, Ендрик.
„Кралевите“ за него му платија на Палмеираш 60 милиони евра, сума која дополнително ќе расте со бонусите, а Ендрик веќе дојде во посета на Мадрид, му беше презентиран стадионот и тренинг центарот, а веќе дебитираше и за репрезентацијата на Бразил.
Ендрик со својата изјава за шпанските медиуми ги воодушеви навивачите.
„Се надевам дека ќе имам прекрасна приказна со Реал Мадрид. Сакам тука да го минам целиот живот.“ – рече Ендрик.
Тој се осврна и на разговорот кој го имал со Лука Модриќ, од кого е воодушевен.
„Никогаш нема да го заборавам тоа што ми го кажа. Рече ‘број 9 и број 10’, кој знае … Следната сезона можеби ќе седиш до мене.“ – му рекол хрватот на бразилецот.