Ентони Дејвис со бројката на дресот, се враќа во основно училиште

Најголемото засилување за Лос Анџелес лејкерс, крилниот центар Ентони Дејвис, во својот нов клуб ќе носи дрес со бројот 3. Иако желба му беше да си ја задржи 23-ката која ја носи во целата професионална кариера, па и подолго, сепак по барање на спонзорот „Најк“, таа уште една сезона ќе остане кај Леброн Џејмс.

Дејвис дрес со бројот 23 на грбот имаше и на колеџ додека играше за Универзитетот Кентаки, и во средно училиште. Не му беше лесно кога дозна дека нема да може да носи 23-ка во претстојната сезона, но брзо се одлучи за „тројката“. Дејвис покажа една стара фотографија, кога имал 13 или 14 години, и уште бил во основно училиште, на која тој во кошаркарскиот тим носи дрес број 3.

Во минатото, многу ретко некој член на Лејкерс носел дрес со бројот 3, но во последните години речиси редовно има по некој таков. Во минатата сезона, тројката на Лејкерс беше во сопственост на Џош Харт, а иронијата е што Харт (тој сега е во Пеликанс) е еден од жртвуваните играчи од трампата со која „веѓата“ дојде кај „езерџиите“.

- Оглас -

Најнови вести