Ентони Џошуа си ја врати светската титула во тешка категорија

Тактичката борба на Британецот Ентони Џошуа му донесе победа со судиска одлука во дуелот за светската титула во бокс, тешка категорија. Џошуа го победи фајтерот Енди Руис и си ја врати титулата која му беше одземена од мексиканскиот боксер од Калифорнија.

Битката во арапските пустински дини, се одржа на 20 километри од Ријад, на стадион со 15.000 седишта кој беше изграден за само 56 дена. Џошуа втор пат во кариерата боксуваше надвор од Велика Британија. Во јуни во Њујорк загуби од Руис, па вечерва првпат победи надвор од својата земја.

Иако беше шампион, Руис од оваа битка ќе инкасира „само“ 13, а Џошуа ќе добие дури 55 милиони долари. До денеска, двајцата имаа само по еден пораз во кариерите. Џошуа уште во првата рунда ја раскрвари аркадата на Руис, но Мексиканецот издржа до крај. Одлуката на судиите беше едногласна во полза на Британецот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести