13.8 C
Skopje
понеделник, 5 јануари 2026

Енцо Фернандес во 93-та минута му ја одзеде победата на Манчестер сити (Видео)

Манчестер сити и Челзи одиграа нерешено 1-1 на „Етихад“ во 20-тото коло од Премиер лигата.

Во отсуство на прв тренер, шансите на Челзи против Манчестер Сити реално беа минимални. Калум Мекфарлан имаше исклучително тешка задача – да остане непоразен на „Етихад“. Иако немаше голем притисок, бидејќи одговорноста допрва ќе падне на новиот тренер, јасно беше дека сака да остави што подобар впечаток во Манчестер.

Манчестер сити имаше поголема контрола и повеќе простор во првото полувреме, особено во транзицијата, но во завршницата недостасуваше конкретност. Фоден, Бернардо Силва и Рајндерс имаа солидни обиди, а најопасна беше шансата на Ерлинг Халанд кој ја префрли топката кон спротивната статива.

Тоа како да го најави голот во 42-та минута. Бадијашил направи катастрофална грешка со лошо додавање на средината, Сити ја презеде топката, а по обидот за додавање кон Халанд, топката стигна до Тијани Рајндерс кој прецизно погоди во поблискиот агол од голот на Роберт Санчес за водство од 1-0.

Челзи се обиде да реагира во продолжението. Мекфарлан веднаш го внесе Андреј Сантос наместо Естевaо, додека Манчестер сити доживеа пех со повредата на Јошко Гвардиол, која не изгледаше наивно.

Во второто полувреме, Сити не успеа да создаде посериозни шанси, додека Челзи беше блиску до израмнување преку Педро Нето, кој од неколку метри очајно шутираше.

Со влегувањето на Лијам Делап по еден час игра, нападот на Челси доби на физичка моќ. Напаѓачот се движеше одлично, задржуваше топка и создаваше простор за соиграчите.

Кога изгледаше дека трите бода ќе останат во Манчестер, следуваше шок во третата минута од судиското продолжение.
Мало Густо нафрли од десната страна, топката помина низ целиот петерец и стигна до Енцо Фернандес, кој од непосредна близина ја смести во мрежата на Џиџи Донарума за конечни 1-1.

Овој исход најмногу ги израдува навивачите на Арсенал, кој во следното коло ќе влезе со шест бодови предност во однос на Граѓаните.

- Оглас -

Најнови вести