Епска партија на Џоел Ембид, ова ни Вилт Чемберлен го немаше направено!

Центарот Џоел Ембид на мечот против Сан Антонио спарс постигна дури 70 поени и постави клупски рекорд на Филаделфија севентисиксерс. Сиксерс победија со 133-123, а Ембид освен 70-те поени, имаше и 18 скока и пет асистенции.

Ембид е деветтиот кошаркар во историјата на НБА кој дал 70 поени на еден меч. Точно пред 18 години, Коби Брајант даде 81 поен, што е втор најефикасен учинок во историјата на лигата, а на истиот датум и Ембид блесна. Досега клупскиот рекорд го држеше Вилт Чемберлен со 68 поени. Ембид е само вториот играч по Мајкл Џордан кој на еден меч имал барем 65 поени, 15 скока и пет асистенции.

Партија на кариерата имаше и Карл Ентони таунс, кој даде 62 поена, но неговата Минесота загуби од Шарлот со 125-128. Таунс влезе во историјата на НБА како прв кој на еден меч имал погодено 10 тројки, 10 двојки и 10 слободни фрлања.

Уште од 1978 година не беше видено во иста вечер двајца различни кошаркари да постигнат 60 или повеќе поени.

Кевин Дурант со 43 поени го предводеше Феникс до победа против Чикаго од 115-113, а Дурант го постигна и победничкиот кош на 1,6 секунда до крајот. Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести