23.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Ерик тен Хаг би можело да му стане тренер на Елиф Елмас во Лајпциг

Бундеслигашот Лајпциг повеќе од еден месец не знае за победа, има серија од шест мечеви во коишто губи или ремизира, а по катастрофата од 1-5 дома против Волсфбург викендов, почнаа шпекулации дека му се тресе тренерското столче на Марко Розе.

Според некои информации од Германија, високо на листата на желби за евентуален нов тренер ако си оди Розе е Ерик тен Хаг, кој неодамна се раздели со Манчестер јунајтед.

Ако Лајпциг го отпушти Розе, тоа ќе биде нова шанса за Елиф Елмас да се наметне кај новиот шеф и да добие поголема минутажа, евентуално и подолго време да остане во клубот во којшто на официјалните мечеви ниту еднаш не играл цели 90 минути, туку постојано е или резерва или стартер, но редовно го заменуваат.

- Оглас -

Најнови вести