8.8 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Ерик тен Хаг има нова работа, нема да биде тренер

Ерик тен Хаг е именуван за нов технички директор на Твенте, објавија холандските медиуми.

Тренерот кој се афирмираше водејќи го Ајакс до полуфиналето на Лигата на шампионите, а подоцна го презеде Манчестер јунајтед, својот последен професионален ангажман го имаше во Баер Леверкузен, но поради лошиот старт на сезоната беше отпуштен веќе по две кола.

Тој се враќа во клубот во кој ја заврши играчката кариера, бидејќи за Твенте настапуваше од 1996 до 2002 година и запиша 162 настапи.

Токму во Твенте ги направи и првите тренерски чекори, работејќи во младинските категории, беше и асистент тренер во првиот тим.

Сега за првпат ќе извршува функција на технички директор. Твенте моментално се наоѓа на седмото место на табелата во холандската Ередивизие.

- Оглас -

Најнови вести