Ериксен е борец, следната недела во Милано на преглед за конечна одлука

Фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен, следната недела ќе пристигне во Милано и ќе биде подложен на нови испитувања на срцето, по што дефинитивно ќе се знае дали ќе смее да игра во Серија А.

Данецот имаше застој на срцето за време на првиот меч на неговата репрезентација на ЕП против Финска и за првпат по тој несреќен случај, ќе се види со соиграчите од Интер.

Во клубот сакаат на овие детални прегледи да откријат што го предизвикало проблемот со срцето на 12 јуни, и потоа ќе се знаат следните чекори и дали постои можност Ериксен повторно да се најде на терен во италијанското првенство.

Од медицинскиот комитет на Италијанската фудбалска федерација рекоа дека во Серија А е забрането да игра фудбалер кој има вграден дефибрилатор, каков што е случајот со Ериксен.

- Оглас -

Најнови вести