Кристијан Ериксен постигна убав гол со кој го реши мечот меѓу Тотенхем и Брајтон и ја сочува серијата успеси на новиот стадион на клубот од Северен Лондон.
Во 88-мата минута со удар од далечина Данецот му ги донесе бодовите на својот клуб, а победата од 1-0 го зацврсти Тотенхем на третото место во Премиер лигата.
Домаќините имаа комплетна иницијатива во текот на целиот меч, имаа неверојатни 29 удари кон голот на Брајтон, поголем дел од нив не ја погодуваа целта, но проектилот на Ериксен беше доволен за да се освојат бодовите.
https://www.youtube.com/watch?v=niahSbzGAJc
По 35 одиграни натпревари, или три кола до крајот на Премиер лигата, Тотенхем е на третото место со 70 бодови, три повеќе од Челзи, четири и шест повеќе од Арсенал и Манчестер јунајтед, кои имаат и по еден меч помалку, а се главни кандидати за местата кои водат во Лигата на шампионите.
Во вториот меч вечерва Ватфорд и Саутхемптон ремизираа 1-1.