Ериксен се враќа во Премиер лигата и потпишува шестмесечен договор сo тимот кој ги изненадува сите

Кристијан Ериксен е пред камбек во Премиер лигата и ќе потпише за екипата на Брентфорд.

Сензацијата во најсилната англиска лига игра над сите очекувања и во овие моменти е сигурен од испаѓање.

Данецот кој колабираше на Европското првенство летово, ќе потпише шестмесечен договор со овој тим и ќе биде од големо засилување за уште подобри резултати.

Ериксен претходно во Англија играше за Тотенхем, додека последен клуб му беше италијанскиот Интер, со кого ја освои Серија А, додека пред еден месец го раскина договорот поради правилата во Серија А кои забрануваат настап на фудбалер со дефибрилатор.

- Оглас -

Најнови вести